Дамаск зазеде стратешки објекти во провинцијата Рака


Сириските владини сили воспоставија контрола врз градот Табка и блискиот аеродром во провинцијата Рака, како и над бројни мостови на реката Еуфрат и две хидроцентрали, објави денеска на својата веб-страница руското Министерство за одбрана.

Претходно денеска, Министерството објави дека Дамаск воспоставил целосна контрола врз градот Манбеџ и околните области. Во соопштението се вели дека американските сили ги напуштиле базите во тој град. Оваа информација беше потврдена и од американската војска.