Дама во црвено: Кралицата Летиција се потсети како новинарка


Шпанија– Во црвена, елегантна коктел тоалета како тореадорски плашт, шпанската кралица Летиција го привлече вниманието на јавноста на прославата на шпанскиот весник „Ел Мундо“ во Мадрид. На 30-годишниот јубилеј сопругата на кралот Фелипе Четврти, се потсети на времето кога била новинарка.

Кралицата ретко греши во модните комбинации и вешто комбинира брендирани парчиња со кежуал, најчесто од шпанските производители како Зара и Манго.

Тоалетата има едноставна силуета украсена со набран детал во горниот дел, на дизајнерот Роберто Торета, искомбинирани со златни сандали Џими Чу и златна-писмо чантичка на Каролина Херера.