Дама која ја почитува традицијата: Велигденското издание на Меланија Трамп


Првата дама во велигденско издание

САД-Американската прва дама Меланија Трамп (49) секогаш изгледа елегантно па дури и во изолација. Со оглед на тоа дека традиционалната велигденска игра Egg Roll која ги собира семејствата на тревникот пред Белата куќа морала да ја откаже заради коронавирусот, Меланија како алтернатива подготвi видео во кое на најмладите им чита велигденска приказна за малиот зајак.

Лани за католичкиот Велигден во Белата куќа

За оваа пригода се облече во зелено од глава до петици- избра зелен миди фустан со ремен и чевли на висока потпетица на Маноло Бланик и го покажа повторно истенчениот вкус за мода.

Претходно, првата дама сними видео за важноста од носење на заштитни маски што нејзиниот сопруг Доналд Трамп и јавно одби.