Далиќ назначен за селектор на репрезентацијата на ОАЕ


Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.

– Фудбалската федерација на ОАЕ објави дека потпишала договор со хрватскиот селектор Златко Далиќ, кој ќе ја води сениорската репрезентација, заменувајќи го Романецот Космин Олароиу, се вели во соопштението.

Далиќ претходно работеше во фудбалот на ОАЕ, откако го водеше ФК Ал Аин, најтрофејниот клуб во земјата, од 2014 до 2017 година.

Хрватскиот фудбалски стручњак ја напушти репрезентација по елиминацијата на Хрватска од Светското првенство 2026 година. Хрватска загуби со 2:1 од Португалија во 1/16 финалето.