Дали знаевте дека од материјалот на ѓезвето зависи вкусот на кафето?


Турското кафе како што го нарекуваме најчесто, скоро и да нема човек што не го започнува утрото со овој топол напиток. Иако подготовката изгледа едноставна, постојат финти кои прават голема разлика во вкусот. Значи, ако домаќинка прави добро кафе, ние често на шега велиме дека „спремна е да се омажи“.

Како се подготвува домашно кафе? Вообичаената постапка е да се сипе вода во ѓезве, да се додаде шеќер ако е потребно и да се загрева додека не зоврие. Сепак, експертите велат дека вкусот и квалитетот на самиот пијалок зависи од самото ѓезве…

Еве што треба да знаете кога купувате ѓезве …

Емајлирано ѓезве

Ова се солидни модели по пристојни цени. Тие добро се мијат и траат долго. Но, има и минус – ѓезвето се загрева нерамномерно, што може да го расипе вкусот на кафето.

Изработени од керамика

 Тие се прилично скапи и кревки. Како и да е, кафето што се подготвува во нив има совршен вкус, бидејќи керамиката се загрева рамномерно и ја одржува температурата подолго време, не дозволувајќи пијалокот предвреме да се олади.

Изработени од алуминиум

 Лесните и  евтини и добро се загреваат. Сепак, некои тврдат дека при високи температури, во контакт со течноста, се ослободуваат штетни материи.

Изработени од бакар

 Ако внатрешноста на садот не е покриена со слој од калај, прекумерното загревање може да доведе до ослободување на штетни материи.

Совет плус!

Кога купувате ѓезве, изберете еден со широка основа и тесен „врат“. Во таков сад ќе се формира пена, која ја задржува аромата на кафето.