Дали знаете зошто машките и женските кошули различно се закопчуваат?


Дали знаевте дека машките кошули се разликуваат не само по крој и дизајн, туку и по распоредот на копчињата? Женските кошули се закопчани лево, додека машките се десно. Но, зошто е тоа така и што се крие зад ваквиот начин на облекување?

Всушност, треба да погледнеме малку во минатото каде што се кријат неколку значења. Постојат неколку теории, а една од нив е дека кога копчињата првпат се појавиле во 17 век, тие биле резервирани само за богатите луѓе. Така, жените од благородничките семејства ги облекувале слуги кои биле претежно десничарки, а положбата на копчето на левата страна на жената им ја олеснувала работата. Од друга страна, мажите сами се облекувале и не им била потребна помош.

Според друга теорија, машките кошули имале копчиња на десната страна бидејќи повеќето мажи ги држеле мечовите во десната рака. По таа логика можеа лесно и брзо да ја откопчаат облеката со левата рака, без да го испуштат мечот, за брзо да бидат подготвени за дуел. А кога станува збор за дамите, се верува дека копчињата биле на левата страна од причина што повеќето од нив го држеле бебето во левата рака, додека десната би била слободна за извршување на домашните работи. Така, жените би можеле да ја користат десната рака за побрзо да ја откопчаат кошулата или да ја затворат и да ги дојат децата.

Експертот за модата низ историјата, Клое Чапин верува дека објаснувањата за тоа зависат од период до период. Според неа, машката мода задржала некои елементи од армијата.

„Врз основа на фактот дека повеќето мажи се десничари, ставањето на копчињата на десната страна овозможи десната рака да биде слободна, особено кога се користи оружје, а криењето пиштол, на пример, под облеката било многу полесно да се извади со десната, слободна рака“, објасни таа. Исто така, уште една интересна теорија се врти околу Наполеон. Според неа, францускиот император Наполеон Бонапарта се навреди кога луѓето го исмеваа затоа што ја држел десната рака во џебот, главно палтото, а тој наредил женската облека да се закопча спротивно од машката за да не го имитираат.