Дали знаете колку банани можете да јадете на ден?


Ова овошје само по себе не е идеален оброк, поради што најчесто се конзумира како ужина.

За некои, бананите се идеална закуска која содржи доволно хранливи материи, додека други веруваат дека прејадувањето банани може да доведе до зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми. Значи, кому треба да му се верува?

Вистина е дека бананите се многу здрави и одличен извор на хранливи материи како што се магнезиум, калциум, калиум, витамин Ц и витамин Б6, а исто така се многу богати со влакна.

Една банана со тежина од 100 g има околу 89 калории и содржи:

– 22,8 g јаглени хидрати

– 2,6 g влакна

– 5,4 g скроб

– 12,2 g шеќер

– 1,1 g протеини

– 8,7 mg витамин Ц

– 5 mg калциум

– 27 mg магнезиум

– 358 mg калиум

– 74,9 g вода

Најголем дел од енергетската вредност на бананите доаѓа од јаглехидратите, додека во својот состав имаат многу мала количина на протеини и масти. Токму затоа тие сами по себе не се идеален оброк, поради што најчесто се консумираат како ужина. Нутриционистите препорачуваат да ги комбинирате со храна богата со протеини и здрави масти, како што се јаткастите плодови, путер од кикирики или варени јајца.

Бананите генерално не претставуваат опасност за вашата линија, но, како и со другите намирници, треба да бидете внимателни и да ги јадете умерено, особено ако не сте многу физички активни. Значи, кој е одговорот на прашањето во нашиот наслов? Според експертите, не постои фиксен број на банани кои секој човек треба да ги јаде во текот на денот. На некои луѓе им треба повеќе енергија, па затоа можат и треба да јадат повеќе банани. Секако, доколку го јадат само ова овошје, ќе бидат лишени од друга здрава храна која на човечкото тело му ги обезбедува потребните хранливи материи, недостапни или достапни во мали количини во бананите. За другите, доволно е да изедете половина или цела банана во текот на денот.

Имајќи го сето ова на ум, сметаме дека е препорачливо да се ограничите на една или две банани дневно.

Исто така, би било добро да оставите доволно време помеѓу две порции, за во меѓувреме да имате доволно простор во стомакот за друга здрава храна. Нема да ви наштети дури и ако од време на време ја надминувате оваа количина банани на дневна основа, или внимавајте тоа да не ви стане навика.