Дали Западен Балкан ќе биде жртва на поделбите во ЕУ околу кандидатскиот статус на Украина?

Европските весници наведуваат дека ако се отворат вратите на ЕУ за Украина тоа ќе биде „опасно и нечесно“ за земјите од Западен Балкан


 

Францускиот весник „Монд“ пишува дека 27 членки на ЕУ се поделени околу доделувањето кандидатски статус на Украина, „иако не сакаат да остават впечаток дека Брисел се двоуми дали да ја поддржи земјата да го издржи притисокот од војната“.

Досега најчесто се споменуваше можноста ЕУ да ѝ додели на Украина статус на „потенцијален кандидат за членство“, што властите во Киев го оценија како недоволно и побараа полноправна кандидатура, иако многу членки на ЕУ веруваат дека тоа ќе биде на штета на земјите од Западен Балкан кои долги години се кандидати или веќе преговараат за пристапување во Унијата.

„Монд“ и некои други медиуми во ЕУ наведуваат дека Европската комисија се обидува да го отстрани противењето на Холандија, Франција, Германија, Австрија и Португалија, меѓу другите, давајќи им кандидатури на Украина, Молдавија и Грузија, додека Полска, балтичките земји, Грција, Шведска, Европскиот парламент и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, се за.

Една од идеите, според предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за создавање „европска политичка заедница“ за соседните земји, е да и се додели на Украина „транзициски статус“, со изгледи за приближување кон Унијата, но не веднаш и кандидатски статус.

„Монд“ наведува дека за време на вчерашната „ориентациска дискусија“ на членовите на Комисијата, комесарот за проширување Оливер Вархеи посочил дека Украина, Молдавија и Грузија се далеку од европските стандарди кога станува збор за економијата, социјалните можности, заштитата на животната средина и владеењето на правото. „Украина е најслаба“ и дека тоа „ќе биде многу тешко да се надмине“.

Парискиот дневен весник забележува дека се слушнале предупредувања дека Украина е „единствената земја каде што луѓето гинат под европското знаме“ и дека тоа исто така мора да се земе предвид.

Европската комисија во петок би можела да предочи дека кандидатурата треба веднаш да му биде одобрена на Киев, бидејќи е јасно дека продолжувањето на таа процедура е условено со реформи и добивање гаранција (на Киев) дека постои волја за промена на ситуацијата, пишува „Монд“.

Медиумите на ЕУ во анализите се обидуваат да најдат одговор на прашањето дали Западен Балкан треба да се тргне настрана со давање кандидатура за членство на Украина, Молдавија и Грузија, а германски „Тагесцајтунг“ нагласува дека „тоа би било опасно и нечесно“ на Украина веднаш да ѝ се отворат вратите.

„Тагесцајтунг“ наведува дека „на крајот на краиштата, не е само Украина, туку тоа го доживеа и Западен Балкан“, и посочува дека по војните на Балканот во 1990-тите, Германија и ЕУ им ветиле „европска перспектива“ на земјите од регионот.

„И (германскиот канцелар Олаф) Шолц го призна тоа, но Фон дер Лајен сега ја турка ЕУ на неповратна лизгава патека“, заклучува германскиот весник.

Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, рече дека конечниот збор ќе го имаат лидерите на нанивниот самит идната недела. (Бета)