Дали вашите деца претпочитаат да си играат со предмети за домаќинството? Еве зошто тоа е пожелно


Многу често, кога децата добиваат подарок, повеќе се забавуваат со кутијата или вреќичката отколку со играчката внатре. Ова не е ништо необично, а научна студија потврди дека играњето со предмети за домаќинството е пожелно кај малите деца.

Д-р Кетрин Тамис-ЛеМонда, професорка по применета психологија на универзитет во Њујорк и автор на оваа интересна студија, откри дека децата се подеднакво среќни кога си играат со кутии и други предмети како и со играчките.

За доенчињата вклучени во оваа студија, играта вклучуваше истражување на секојдневните активности како што се отворање и затворање на вратите од плакарот, празнење на фиоки за садови, играње со далечинскиот управувач и туркање столици.

Ова се предмети за деца кои можат да претставуваат сериозна опасност
Истражувачите откриле дека доенчињата на возраст од 23 месеци и помлади спонтано си играат со предмети во нивната домашна средина за да го поттикнат нивното разбирање за себе и за нивната околина.

Исто така, истражувањата покажаа дека го подобрува нивниот когнитивен развој, моторните вештини и разбирањето на јазикот и ја поддржува нивната емоционална благосостојба. Контактот со предмети со различна големина го учи детето правилно да ги држи предметите, што ќе биде многу важно во процесот на растење.

Затоа, не е лоша идеја, покрај стандардните играчки да му понудите на вашето дете предмети со различна големина, текстура и слично, за да ги развиете неговите когнитивни способности. Со ваквите игри важно е да се внимава на безбедноста на предметите за децата да не се повредат или да не се задушат.