Дали судбината на Британија е во рацете на оваа жена


Наоми Лонг зазема уникатна место во политичкиот спектар на Северна Ирска.

Во регион каде што политиката традиционално се дели по секташки линии – помеѓу ирскиот национализам и пробританскиот унионизам – неодамна избраната членка на Европскиот парламент претставува нова политичка сила: гласачи од Северна Ирска, кои се идентификуваат како „ничии“ – го потиснуваат националниот идентитет како нивни примарна политичка мотивација.

Како лидер на либералната партија Алијанса, Лонг е еден од добитниците на дестабилизација на политиката во Северна Ирска со референдумот за „Брегзит“. Недвосмислениот став за останување на нејзината партија ѝ овозможи да добие приврзаници од двата секташки кампа.

Анкетите покажуваат дека Алијансата дури би можела да претставува сериозен предизвик за доминантната Демократска унионистичка партија, доколку Велика Британија одржи избори во наредните месеци.

„Мислам дека заради ‘Брегзит’ луѓето што претходно не мора да се шетаа велејќи ‘Јас сум горд Европеец’, одеднаш чувствуваат дека им се одзема нешто вредно и не им се допаѓа тоа“, вели Лонг во интервјуто.

Лонг, која го опишува „Брегзит“ како „милијарди потрошени за нешто што не треба да го правиме“, го посвети своето време во Европскиот парламент да лобира во надлежните органи од обете страни на Ламанш за да стори сè што може за да спречи „Брегзит“ без договор – и идеално да се поништи одлуката за заминување.

На подолг рок, Лонг и нејзините приврзаници би можеле да одиграат клучна улога во друга уставна дебата: долгогодишното несогласување во регионот околу тоа дали да остане дел од Обединетото Кралство или да се раздели за да му се приклучи на Даблин за создавање обединета Ирска.

Алијансата во моментот нема став за прашањето за повторно обединување. Лонг вели дека партијата „би донела одлука во тоа кога ќе дојде време засновано врз најдобрите интереси на луѓето од Северна Ирска“.

Анкетите покажуваат дека Лонг и нејзините приврзаници – неопределената, главно незаинтересираната средина – која ќе го обезбеди клучниот глас што ќе одлучи за иднината на регионот.

Најголем фактор што влијае на нивната одлука: „Брегзит“.

Северна Ирска останува длабоко поделена, со одделни образовни системи, повремени физички sидови меѓу ирските националисти и британските унионистички заедници и уставното прашање доминира во секој политички натпревар.

Но повеќе од една деценија, најголемата група на луѓе во регионот се луѓе кои не се идентификуваат како унионисти или националисти: група која е длабоко отуѓена од политиката и се идентификува како „ничии“.

Студијата на академиците Кети Хејворд и Катал Мекманус открила дека овие „соседи“ се претежно жени, но вклучуваат луѓе од сите возрасти, религиозни средини и британски и ирски национален идентитет. Тешкотијата е тие да се појават на избори.

„Многу од оние луѓе за кои сметате дека би биле природна изборна единица за Алијансата, луѓе кои не се дефинираат тесно како унионистички или националистички, немаат интерес да се вклучат во политиката“, рече Лонг.

Но „Брегзит“ може да го промени тоа. Оваа година беше напредок за малата партија Алијанса, поттикната од зголемениот одѕив и зацврстената посветеност за членство во ЕУ меѓу оние што гласаа за останување.

Северна Ирска гласаше 56 проценти против „Брегзит“, но се предвидува дека ќе претрпи најсилен економски удар во споредба со кој било друг регион во Велика Британија.

Анкетите, исто така, посочуваат дека резултатот од референдумот во 2016 година ги отуѓи „ничиите“ од Велика Британија и дека исходот од преговорите ќе биде клучен во однос на тоа како тие се чувствуваат за обединување со Ирска.

Една анкетата покажа дека ако „Брегзит“ не се случи мнозинството „ничии“ би сакале да останат во Обединетото Кралство.

Но ако Британија ја напушти ЕУ под условите на договорот за кој преговараше поранешната премиерка Тереза Меј, тие се наклонети кон обединување со Ирска. Во случај на „Брегзит“, тие силно се наклонети за обединување на Ирска.

Прифаќањето на тврдата позиција на британската влада го остави центарот во Северна Ирска да се чувствува нечуен и да се запоставен и – неочекувано – во синхронизација со владата во Даблин, која тврди дека го спои регионот.

„Се гледам себеси како Европеец, тоа е важно за мене“, рече Лонг. „Мислам дека е многу важно и за оние луѓе што гласаат за Алијансата“.

„Ние гледаме луѓе кои се унионисти, националисти, луѓе што се Британци, Ирци, луѓе кои коалицираат околу тој европски идентитет“.

Оваа година, напливот на поддршка за партијата Алијанса, кој следеше по референдумот во „Брегзит“, кулминираше со серија победи. На локалните избори во мај, Алијансата ја зголеми својата застапеност на локалните совети за 65 проценти и го прошири својот дострел во области далеку над својата традиционална база во Белфаст.

Ова беше проследено по неколку седмици со изборот на Лонг за Европскиот парламент, таа привлече гласови од целиот спектар и повеќе од двојно се зголеми гласањето на партијата Алијанса.

Од првите избори во Европскиот парламент во 1979 година, регионот секогаш испраќал двајца унионисти и еден националист во Стразбур и Брисел. Оваа година Лонг стана првиот европратеник што некогаш бил избран во Северна Ирска, а не поврзан со ниту една од овие групи.

Падот на договорот за поделба на моќта меѓу националистите и унионистите ја остави Северна Ирска без влада од 2017 година. По неодамнешните избори, потсети Лонг, беше откриено дека мнозинството од новоизбраните советници во Белфаст никогаш не биле надвор од сопствениот кварт во градот. Организирана е автобуска турнеја низ градот за да се запознаат со него.

„Бев запрепастена“, рече Лонг. „Ако нашето политичко лидерство е затворено во овие многу мали заедници и не ја гледа големата слика на градот, тогаш тоа е предизвик за општеството“. (Политико)