Дали Пабло Неруда беше убиен?

Некои долго време се сомневаа дека воената хунта на Чиле го убила најпознатиот поет на нацијата. Десетгодишната истрага произведе убедливи индиции


На виделина се појавија нови докази кои велат дека најпознатиот поет на Чиле можеби бил убиен пред 50 години.

Добитникот на Нобеловата награда за литература и поранешен сенатор на Чиле, Пабло Неруда починал од труење во 1973 година, тврдат форензичарите. Неговиот внук Родолфо Рејес ја потврди промената на приказната од официјалниот став дека Неруда починал од компликации од рак на простата.

Со децении, возачот на Неруда тврдеше дека бил отруен. Случајот со смртта на Неруда долго време беше сомнителен, бидејќи писателот почина само 12 дена откако државниот удар предводен од генералот Аугусто Пиноче ја собори социјалистичката влада на неговиот пријател Салвадор Аљенде.

Неруда претходно збеше во егзил од Чиле кога претседателот Габриел Гонзалес Видела го забрани комунизмот во 1948 година додека поетот служеше мандат како сенатор на Комунистичката партија. По неговото враќање во Чиле во 1952 година, Неруда ја задржа својата поврзаност со социјалистичката политика и беше познат говорник на глобално ниво.

Сега, 50 години по неговата смрт, форензичкиот извештај за неговата смрт треба да биде објавен за вистинската причина за смртта на Неруда. Пред неколку години, меѓународните форензички експерти ја отфрлија официјалната причина за смртта како кахексија, односно слабост и губење на телото поради хронични заболувања. Рејес тврди дека тестовите покажале „голема количина на Cloristridium botulinum, што е некомпатибилно со човечкиот живот“. Моќниот токсин може да предизвика парализа на нервниот систем и смрт.

Реејс продолжува да вели дека лабораториските тестови заклучиле дека токсинот бил администриран кога поетот бил сè уште жив.

Телото на Неруда беше ексхумирано во 2013 година за да се утврди причината за неговата смрт. На почетокот не беа пронајдени токсични агенси, но во 2015 година чилеанската влада тврдеше дека е „многу веројатно дека трета страна“ е одговорна за неговата смрт. Неруда беше повторно погребан. Во 2017 година, нов тим на меѓународни научници го отфрли ракот како причина за неговата смрт.

Аљенде, пријателот на Неруда и социјалистички претседател кој беше соборен во 1973 година, се самоуби наместо да им се предаде на трупите на Пиноче. Во тој момент, Неруда планирал повторно да замине во егзил. Еден ден пред планираното заминување, тој со возило на брза помош бил пренесен во клиника во Сантијаго каде што починал.

За време на неговиот живот, Неруда акумулираше десетици награди, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за литература во 1971 година, но во последниве години се појавија критики од феминистичките групи поради силувањето што го извршил во 1930-тите и за кое раскажал во својата книга „Признавам дека живеев“. Тој, исто така, е критикуван дека ја напуштил својата единствена ќерка Малва Марина, бидејќи е родена со хидроцефалус. (Според агенциите)