Дали наскоро ќе возиме автомобили со предно стоп светло?


Предното стоп светло е наменето за пешаците и велосипедистите, но и за другите возачи.

Едно од главните правила за безбедност на патиштата е да видиш и да бидеш виден. Ова мото го следи Lumaco Innovations AG, кои осмислија систем за предно стоп светло, кое се пали кога возачот ќе стисне на педалата за кочење.

Основачот на комапнијата Лубомир Марјак од Словачка, го има и европскиот патент за оваа технологија, а очекува предното стоп светло да го намали бројот на сообраќајни незгоди и да ги ублажи нивните последици.

Како функционира ситемот?

Системот функционира со помош на зелени ЛЕД ленти кои се наоѓаат на предниот дел на автомобилот, а светат заедно со задните стоп светла кога ќе се притисне педалата за кочење. Зелената боја е одбрана затоа што е недвосмислена и брзо препознатлива, а и не се користи во автомобилската индустрија, пишува „Словакиа постсен“.

Предносто стоп светло ќе биде наменето за пешаците на премините, како и за велозипедистите, но и за другите возачи, како сигнал дека возачот на автомобилот кои им се приближува кочи поради нешто.

Освен тоа, предното светло на кочниците може да стане корисен асистент во иднина, кога во сообраќај ќе бидат вклучени иа автономните возила.

Тестирање на системот

Но, за предносто стоп светло да почне да се применува во пракса, претставниците на Европската комисија и Европскиот парламент бараат резултати од тестови во реални услови на возење.

Главното тестирање ќе се одржи во регионот Тренчин и делумно во регионот Жилинa. Со зелени стоп светла ќе бидат опремени автобусите, возилата на патните претпријатија (автомобили, земјоделски возила и камиони) или службените автомобили на државните органи во регионот или нејзини претставници.

Во тестирањето ќе учествуваат неколку стотини возила, а ќе трае до 22 јуни 2023 година.

Освен тоа, во овој меѓународен проект вклучени се сообраќајната полиција на Словачка и универзитетите во Бон и во Жилинa.