Дали леваците се попаметни? Тесла и Гејтс се меѓу нив

Леваците сочинуваат само десет проценти од светската популација, но истражувањата покажуваат дека тие се непропорционално повлијателни и поуспешни од овој процент.
На пример, од последните шест американски претседатели, тројца биле левак – Џорџ Х.В. Буш, Бил Клинтон и Барак Обама, а истото важи и за великани како Микеланџело, Леонардо да Винчи, Пол Мекартни, Дејвид Боуви, Џими Хендрикс, Џејмс Болдвин, Никола Тесла, Бил Гејтс и Стив Џобс.
Ова ги инспирираше многу истражувачи да се запрашаат дали леваците се попаметни од десничарите?
Џовани Сала, доцент на Универзитетот Фудита во Јапонија, и неговиот тим спроведоа студија во која учествуваа 2.300 леваци и десничарски ученици на возраст од 7 до 17 години.
Тие сакаа да откријат која група ученици ќе се покажат подобри на тестовите по математика. Анализата на добиените податоци откри дека нема разлика помеѓу овие две групи во способноста за решавање на полесни математички проблеми, но левораките ученици беа значително поуспешни во решавањето на потешки задачи.
– Одговорот лежи во фактот дека левораките луѓе имаат значително поразвиен дел од мозокот што ги поврзува нивните лева и десна хемисфера, каде што се наоѓа центарот за просторна интелигенција, а овој вид интелигенција е поврзан со математичките способности – објасни професорот Сала.