Дали Кери веќе не е Кери Бредшо : Лавина критики за модата во „Сексот и градот: И просто, така оди тоа“


САД- Макси-фустанот од „евтиниот“ бренд Форевер 21 со сина кошула во Оксфорд стил и поевтини сандали на платформа Тери ДеХавиленд од 275 долари, наместо чевлите на Маноло Бланик од 40 илјади долари, предизвика лавина критики за новиот стајлинг на трендсетерката, колумнистката Кери Бредшо, која ја глуми Сара Џесика Паркер во новиот продолжеток на култната серија. Иако во епизодите сите жени се прашуваа како со платата како колумнист Бредшо може да си дозволи толку скап гардеробер, сепак со нетрпение ги очекуваа модните комбинации на костимографката Патриша Филд, која заради обврски и работа на втората сезона на „Емили во Париз“, не е ангажирана во продолжението на серијалот. Моли Роџерс, која работеше во продавницата на Филд , ја презеде функцијата. Засега неуспешно. 

Серијата очигледно, по заминувањето на ликот на Саманта и Ким Катрал губи и со стајлингот, ако се суди според сцените на снимањето на новите 10 епизоди во Њујорк. „Вог“ и „Харперс базар“ веќе реагираа со статии од типот: Дали Кери веќе е веќе Кери? „Во време кога одржливоста е толку важна и етичкиот третман кон работниците во облека е голем проблем во оваа индустрија, навистина е кривично дело таа да носи брза мода “, рече еден поранешен моден уредник на Инстаграм.

“Во пост-пандемијата во Њујорк, за време на движењето за расна и социјална правда, Кери и компанијата треба да носат облека што не е само етичка и одржлива, туку и инклузивна и внимателна; не само чантите Фенди, туку и чантите Телфар.  Сега е наш ред да се прашуваме: Модниот свет надвор од „Сексот и градот“ се менува – но дали „Сексот и градот“ ќе се променат со тоа“- пишуваат водечките модни магазини во САД.

„Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004 година, а екипата за последен пат работеше заедно во 2010, кога излезе вториот дел од филмската верзија на серијата.

Откако ХБО го најави продолжението на култната серија „Сексот и градот“, но без улогата на познатата Ким Катрал во улогата на Саманта Џонс, обожавателите развија стотици теории за тоа како би изгледала серијата без фаталната Саманта. Извршниот директор на продукциската куќа, Кејси Блојс проговоре во обид да ги расчисти сите тие претпоставки.

Според неговите кажувања, Сара Џесика Паркер, која ја глуми Кери Бредшо во серијата и сценаристот Мајкл Патрик Кинг, со кој го пишуваат сценариото за продолжението, не се обидуваат да го повторат „Сексот и градот“ од претходно.

– Ликовите веќе не ги живеат своите триесетти. Toа ќе биде приказна за жени во 50-тите години од животот, што ги прават токму работите што ги прават и другите луѓе во своите педесетти. Исто како и во вистинскиот живот, луѓето влегуваат во вашиот живот, но тие и заминуваат. Пријателствата згаснуваат, а се раѓаат нови. Значи, мислам дека сè може да се поврзе со вистинскиот живот, објаснува Блојс околу тоа зошто серијата е без Саманта.

Како што додава тој, Сара и Патрик Кинг ќе се обидат да раскажат приказна за тоа како навистина жените се справуваат со средовечноста во Њујорк. Серијата ќе вклучува и мноштво кадри што ќе покажат како изгледа најнаселениот американски град денес.