Далечниот Исток на далечната Месечина


Кина се придружи на земјите кои ја истражувале Месечината, но има многу поголеми планови. Киенската програма Чанг’е, наречена по божицата на Месечината, почна во 2005 година

 

Во Кина постои легенда која со векови се пренесуваше по устен пат, а подоцнежните записи за неа стигнаа до американскиот писател Херберт Сима, што ги објави во својата книга „Ракети и млазни авиони“ во 1945 година.

Според легендата кинески мандарин (властодржец) Ван Ху во 16 век сакаше да ги воодушеви своите дворјани и да ги заплаши непријателите, така што би одлетал во Вселената! Тој наредил да му се направи трон со 47 ракети во основата. Кога слугите ги запалиле ракетите, Ван Ху со голема бучава и облак чад одлетал во висина и се вратил по два дена, тврдејќи дека бил во Вселената.

Без оглед дали легендата е точна (по се судејќи во прашање е фолклорна бајка) или не, факт е дека Кинезите ги имале првите „ракети уште во 14 век. Голем број историски записи зборуваат за т.н. „Хуолонгјубг“ стрели, со кои кинеската војска се бранеше од инвазијата на Монголците.

Оваа првобитна ракета се состоеше од цилиндер, обично од бамбус, на чие дно се наоѓаше мешавина од запаливи супстанци. Во бамбусот беше ставена стрела, а монголските војсководци ова оружје го нарекоа „Здивот на змејот“. Половина век подоцна,кинеската војска разви унапредена верзија на ова оружје наречено „Вубеи Жи“ или „Огнени стршлени“. Тоа се состоеше од дрвен сандук со стотина стрели,што можеа да бидат истрелани во исто време.

Месечината не е така далеку

Историјата сакаше и развојот на модерните ракети, а и на вселенската програма односно истражувањето на Вселената, да биде поврзано за оружјето и војните.

Иако разни видови на ракети на течно или цврсто гориво постоеја уште на крајот на 19 и почетокот на 20 век, првата „права“ ракета беше германската В-2 (германски Fau Zwei, подоцна нареена Vergeltungswaffe Zwei т.е Освета два). Овие ракети Германија ги користеше кон крајот на Втората светска војна за напади врз цели во Велика Британија и Белгија. Произведени се повеќе од 2.000 В-2 ракети, лансиани се околу илјада, а од нив 550 паднаа врз Лондон.

По Втората светска војна, „таткото“ на германскатра ракетна програма Вернер фон Браун, извонреден инженер и иноватор, се предава на американските сили во Берлин и е префрлен цо САД (наводно, за да не го заробат советските војници, под кодно име „Спајалица“). Фон Браун веднаш добива задолжение да разива ракети за нуклеарната програма на САД, во центарот Форт Блис во Тексас. Со својата екипа разви голем број ракетни мотори и летала, како и еден дел од Аполо програмата, со која единствено беа однесени луѓе на Месечината.

Интересно е дека компјутерот со кој управуваше модулот Аполо 11, што слета на Месечината во 1969 година, беше околу 10.000 пати поспор од денешниот смартфон.наречен АГЦ (Apolo Guidance Computer), што немаше екран, а имаше околу 60 команди и можеше да извршува само две работи во исто време.

Првото знаме на Месечината е на Советскиот Сојуз, што го постави сондата Луна 4 во септември 1959 година. Сите Аполо мисии од 1969 до 1972 година поставуваа знаме на САД на различни локации, вкупно шест. Индиската сонда „Чандрајан 1“ постави знаме на Индија во 2008 година (иако сондата всушност се урна на површината од Месечината). На Месечината има и знаме на Јапонија, поставено од сондата Селена во 2009 година. Сепак на Месечината и денес „се виорат“ (всушност не се виорат, бидејќи на Месечината нема атмосфера, па нема ниту ветер) само американските знамиња од Аполо програмата и три кинески знамиња од Ченг’е мисијата.

Божица на Месечината

Кинеската програма Чанге’е наречена по божицата на Месечината, почна со развој уште во 2005 година. целта беше да се развива технологија што ќе се користи во идните кинески всленски мисии, но и ќе обучи експерти во Кинеската вселенска агенција (ЦНСА).

Првата мисија беше Чанг’е 1, мал сателит кој остана во орбитата на Месечината во 2007 година. Чанг’е 2 исто така беше сателит – лунарен орбитер со унапредени апарати за истражување на површината на Месечината (т.н. ЛИДАР, кој се користи и за мапирање на Земјата од Вселената).

Чанг’е 3 е првата Кинеска мисија што слета на површината на Месечината во 2013 година. оваа мисија постави т.н. ЛУТ телескоп на Месечината, а благодарение на тоа што нема атмосфера, со помош на овој телескоп е можно да се истражува Вселената,што едноставно не е можно од Земјата.

Чанг’е 4 е мисија од 2018 година, кога слета првиот и засега единствениот модулна на темната страна на Месечината. Возилото за истражување Јуту „Ерхао 2“ (Зајак од жад 2) дури три месеци го истражуваше овој досега непознат дел од сателитот на Земјата, и ги постави првите фотографии.

Чанг’е 5 е мисија која во моментот е во тек, а се состои од собирање на примероци од површината на Месечината и нивно враќање на Земјата. Инаку, досега единствени примероци од тлото се тие што ги донесоа американските астронаути од Аполо мисиите.

Месечината, дом за астронаутите

Оваа не е крај за Кинеската Чанг’е мисија. За 2024 година планирани се мисиите шест и седум кои треба да однесат апарати и опрема за воспоставување на првите човекови бази на Месечината.

За 2027 година планирана е мисијата Чанг’е 8, која ќе полета на новиот носач на ракети Чанг Женг 5, а кој би требало да ги однесе првите Кинески астронаути на Месечината, кои би останле еден месец. (Ал Џезира)