Дачиќ-Палмер: Дијалогот ќе продолжи по формирањето на косовската влада


Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на маргините на Бледскиот стратешки форум оствари денес средба со заменик помошникот на државен секретар на САД и новоименуван специјален представник за Западен Балкан Метју Палмер.

На средбата, како што соопштија од српското МНР, биле разгледани приоритетите и перспективите во регионот и прашања како што се „состојбата во БиХ, дали ЕУ ќе отпочне преговори со Северна Македонија и Албанија и дали Косово ќе добие визна либерализација“.

-На денешната средба ги анализиравме и односите меѓу Белград и Приштина. Секако, треба да почекаме на резултатите од изборите во Косово, формирањето на влада и да се надеваме дека новата влада ќе ги укине таксите и ќе отвори простор за продолжување на дијалогот. Исто така, треба да почекаме и на на изборот на нов висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, се наведува во соопштението на српското МНР.

На средбата Дачиќ изјавил дека „се отвора можност дијалогот да продолжи, но не е реално тоа да се случи пред формирањето на владата на Косово.