Универзитетскиот научник Вадва: Да се предизвика вештачка пандемија е прашање на време?!

Научникот предупредува дека е скоро сигурно дека светот ќе се соочи со вештачка пандемија по пандемијата на вирусот корона

Научникот од универзитетот Харвард, Вивек Вадва, во есеј објавен во списанието „Форин полиси“, предупредува дека прашање на време е кога биотерористите ќе смислат начин да предизвикаат вештачка пандемија. Тој смета дека е предоцна да се запре глобалното ширење на технологии кои овозможуваат создавање вируси.

“Ние мора да ја третираме пандемијата на корона вирусот како општа проба за она што нè чека. За жал, ова вклучува не само вируси што се јавуваат во природата, туку и оние што ќе бидат произведени од луѓе”, предупредува Вадва. Тој посочува дека за тоа е одговорен напредокот во генетскиот инженеринг, што им даде на биохакерите „алатка“ за создавање смртоносни патогени. Она што најмногу загрижува е фактот дека за создавање на такви патогени не се потребни скапи лаборатории, но сè може да се направи дома. Алатки за секвенционирање и уредување на гени, како што е CRISPR, овозможија да се контролираат процесите што постојат во природата илјадници години. „Технологијата за уредување на гените стана толку едноставна и ефтина што научниците сега можат да нарачаат примерок од ДНК и лесно да оживеат патогени како вирусот сипаници“, предупредува Вадва. Тој нагласува дека пандемијата што ќе ја смислат терористите претставува вистинска опасност, но верува дека тоа нема да се случи наскоро. Сепак, предупредува Вадва, многу земји не се подготвени за такви сценарија, кои од ден на ден стануваат сè поверојатни. “Треба да научиме како брзо да создадеме одбрана слична на онаа што ја имаат компјутерите против хакерите. Доброто е што може да резултира со лек за сите болести”, посочува Вадва.