Да помогнеме македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава, се бараат дизајнери, волонтери и донации
Група информатичари и волонтери ги вложуваат сите свои знаења и капацитети да го подготват македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава и да стане автентичен и препознатливо самостоен јазик кој ќе си го најде своето место во плимата на придобивки од вештачката интелингинција во полза на корисниците кои доаѓаат од „малите“ културни и јазични заедници како што македонскиот културен идентитетски корпус.
Буки е бесплатна алатка за транскрипција на македонски говор што ни овозможува да ги претвораме нашите зборови во текст без да користиме раце. Пред да продолжите со читање на текстов, испробајте го Буки на следниов линк и запрашајте се дали сте спремни да ја замените вашата тастатура со него. А дали ќе бидете спремни да го направите тоа за десет години?
Ова го наведува Никола Стиков, универзитетски професор и блогер, кој повикува да се следат неколку мисловни експерименти и шпекулации околу иднината на електронската комуникација на македонски.
„Мојата генерација е навикната да ги преточува мислите во зборови преку тастатура. Се сеќавам како во 90-тите пребирав со два прста по тастерите и често ќе се префрлев на пенкало и хартија затоа што мислите подобро ги регистрирав ракописно отколку со куцање. Во еден момент тастатурата стана доминантна, па денес повеќето луѓе не ни носат пенкало и хартија со себе“ вели во својот текст на Блен.мк професорот Стиков.
На сличен начин, посочува Стиков, и тастатурите полека ќе заминат во историјата, но прашање е со што ќе ги замениме. Оние телефонски екранчиња на кои куцкаме во моментов едноставно не личат на иднината што ја гледаме во научнофантастичните филмови. Не можам да ги замислам моите внуци како држат во рака мобилен телефон и со два палци типкаат пораки до нивните другари. Ако треба да се кладам што ќе ги замени тастатурите, тоа веројатно ќе биде некоја комбинација на диктирање и телепатија. Прифаќањето на овие нови технологии на почетокот ќе биде бавно и непотребно, а потоа брзо и неизбежно. Буки постои за да ја забрза и да ја олесни оваа транзиција.
„Неблагодарно е да се предвидува употребата на Буки кога сѐ уште никој не диктира и не транскрибира на македонски. Но кога пред неколку години првпат се појавија алатките за транскрипција на англиски говор, бев изненаден дека моите деца повеќе сакаат да му зборуваат на телефонот отколку да му куцаат. Овој тренд ќе продолжи. Опасноста е дека ако немаме општоприфатена алатка за транскрипција на македонскиот јазик, тогаш сѐ помалку луѓе ќе го користат македонскиот во секојдневната електронска комуникација. Ова е најсигурниот начин еден мал јазик да замре“, укажува Стиков на нешто што ни е познато на сите нас.
целиот текст прочитајте го на рацин.мк