Да бидеме хумани: На малата Сандра ѝ се потребни 12.000 евра за операција


Тринаесетгодишната Сандра Ангеловска од Крива Паланка боледува од тумор. Потребна ѝ е итна операција која мора да се изврши во странство и чини 12.000 евра. Нејзините родители и членови на семејството преку социјалните мрежи бараат помош во финансиски средства бидејќи немаат доволно пари за операцијата на девојчето кое му е неопходна за да може да живее.

Отворена е жиро-сметка на која може да донирате, а веќе од понеделник семејството ќе отвори и телефонска линија на која ќе можете со еден телефонски повик да донирате за да се спаси животот на малата Сандра.

Да бидеме хумани и да помогнеме за девојчето да може да продолжи со својот живот и да продолжи да го живее своето детство.

Број на сметка 200 – 0022909374 – 56 Стопанска Банка
На Далибор Ангеловски (татко на Сандра) со ЕМБГ 0306982424005