Д-р Пановски: Околу 20 април ќе имаме и повеќе од 60 починати дневно од Ковид-19

Епидемиологот д-р Никола Пановски, смета дека според бројот на хоспитализирани, а секако не се хоспитализираат луѓе без потреба во вакви пикови, можеше да се очекува драстичниот раст на број на починати од корона вирусот.
Тој во гостувањето на Сител, рече дека очекува бројот на смртни случаи да го достигне пикот околу 20 април кога се очекува дневно да имаме и по повеќе од 60 лица кои ќе ја загубат битката со вирусот.
„За жал, бројот на смртни случаи две недели доцни во однос на бројот на новооткриени случаи. Ако пред некој ден имавме некој пик од 1500 или сме на тоа ниво или пак деновиве ќе го достигнеме, би требало да сметаме дека пикот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна. Односно, ако просекот од последниве денови е 40, за жал се очекува да оди и над 60 кога ќе биде пикот. Да реќеме ако денска е трети, пикот на смртни случаи би бил околу 20 април, при што може да се очекува потоа бројот на смртни случаи да паѓа, прво бројот на ново заразени потоа и на смртни случаи“ истакна Пановски
Тој додаде дека првите две недели бројот на смртни случаи не го следеше бројот на новозаразени, при што бројот на смртни случиа се држеше на 20 дневно, кој вели дека, како што кажуваат епидемиолозите и од другите градови или сме во пикот или пак сме блиску до пикот. Но, за жал, додаде Пановски, не се ублажи овој пик.