Д-р Пановски: Mладите со сертификати од други лица слободно влегуваат каде сакаат


Д-р Никола Пановски во разговор за „Локално“, вели дека новата мерка која предвидува влез во угостителски објекти само за лица кои примиле две вакцини против Ковид-19 нема да придонесе поголем интерес за имунизација кај населението.

-Луѓето, особено младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и слободно влегуваат каде сакаат. Четири месеци вакцинирани со една доза влегуваа секаде иако немаа развиено имунитет во првите две недели по прием на вакцината. Со самото тоа што сертификати добиваа лица кои немаа развиено имунитет, таа мерка немаше медицинска оправданост. Дури сега добива медицинска оправданост. Се разбира тие што примиле прва доза, веројатно примиле и втора. Затоа сметам дека за оние што до сега не се вакцинирале, оваа мерка нема да има ефект, односно нема да ги натера да примат прва доза сега, ако до сега не примиле.

Пановски  предлага  да се воведе онлајн настава за децата во декември и да се затворат ноќните клубови со цел да не се зголеми бројот на заразени лица.