Д-р Оз ќе биде кандидат за сенатор, го поддржа и Трамп


 

Познатото телевизиско лице д-р Мехмет Оз ќе биде републикански кандидат за сенатор на американската сојузна држава Пенсилванија. Тоа значи дека во изборната трка ќе има уште еден политичар кој е поддржан од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Поранешниот извршен директор на еден од најголемите инвестициски фондови „Бриџвотерс асошиејтс“ Дејвид Меккормик одлучи кандидатурата да му ја отстапи на Оз.

Оз, пензиониран лекар и телевизиски водител од турско потекло, за противник на изборите на 8 ноември, го има демократот Џон Фетерман.

На Републиканците овие избори им се многу важни, затоа што им се прилика да воспостават мнозинство во горниот дом на Конгресот на САД. Образложувајќи зошто ја отстапи кандидатурата, Меккормик порача дека ќе направи се за да ги обедини Републиканците во Пенсилванија.

Трамп поддржа 190 кандидати во обид што подобро да се позиционира во Републиканската партија. Оз го поддржа уште во април и тоа откако од кандидатурата се откажа Шон Парнел кој беше негов прв избор. Тој се откажа по наводите дека ја злоставувал сопругата.

Оз и Меккормик се сметаат за дел од популистичката агенда на Трамп „Америка на прво место“ (America First). Демократите во моментот имаат мнозинство во двата дома на Конгресот.