д-р Марковски: Со рестриктивни мерки нема да стекнеме колективен имунитет


Затворањето на цела нација на четири дена е многу ризична, смета д-р Вело Марковски, инфектолог.

– Ние имаме популација која нема телефон за да се јави ако му е лошо, имаме луѓе со скелроза, кои не можат да се јават и ред други ризични групи луѓе. Ако поради рестриктивните мерки изгубиме макар и само еден живот од која било причина, мерките нема да може да ги квалификуваме како успешни – вели д-р Марковски, во „Само вистина“.

Според него, ова е преголем период за изолација, а ако сакаме да исчезне корона вирусот кај нас, можеме тоа да го постигнеме со затворање на сите месец, два. Но, што потоа? – прашува д-р Маркоски. Предупредува дека така нема да створиме колективен имунитет, па потоа ќе нема како да контактираме со другите земји кои створиле имунитет.

– Ако сакаме да постигнеме колективен имунитет, и да имаме некоја блага крива до пикот, ќе се здобиеме со колективен имунитет кој знае кога, во декември можеби. Жртвите и бројките на крај ќе бидат исти, само развлечени временски – вели д-р Макровски.