Д-р Лазаров ги повика пациентите да ја одложат секоја неитна посета кај лекар, протестот е во тек!


Протестираат матичните лекари денеска, а тоа значи дека нема да користат Мој термин, туку ќе работат само со итните пациенти.

Д-р Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен затоа што никој нема да биде услужен.

– Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе превземат пациенти денес додека трае протестот. Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен. Доста е! – напиша д-р Лазаров.

Лекарите најавија дека денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите „Мој термин“ нема да функционира.

Тие се незадоволни поради неисполнетите барања околу малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите.

Велат дека со оваа цена на капитацијата по пациент, не можат да издржат да ги покријат своите трошоци.