Д-р Докиќ: На другите клиники се намалува бројот на пациенти, на Пулмологија се зголемува


Фото: Б. Грданоски

Пред 3-4 недели беше критично, се креваше аларм кога ќе дојдевме само до 10 слободни кревети. Ја пробивме границата, од 240 кревети, сега 100 се празни. Апелирам, и понатаму да се почитуваат мерките, овој податок да не нè олабави, апелираше проф. д-р Дејан Докиќ – директор на Клиника за пулмологија во Студио 10 на ТВ24.

„Да се почитуваат мерките за уште повеќе да се намали бројот на хоспитализирани пациенти. На Кликика за пулмологија кај нас третираме пост-ковид пациенти, затоа што се уште белите дробови не се заздравени комплетно, тука ги долекуваме пациентите, а голем е нивниот број. На другите клиники се намалува бројот, на Пулмологија се зголемува бројката. Самиот Ковид вирус во првата фаза се размножува во пациентот. Прави оштетувања во организмот, а во подоцнежна белодробна фаза се јавува воспаление кое може да е вирусно, но може да се населат и бактерии, со што се комплицира целата болест. Најголем број ќе си отидат дома без последици, но може вирусот да создаде сврзно ткиво, па има пациенти кои не можат добро да дишат, кислородот не поминува. Такви пациенти се кај нас на клиника за да се подобри или запре тој проблем“ – вели докторот.