Цукерберг заврши во гипс по несреќа на ММА тренинг


Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, објави дека бил опериран откако ги скинал лигаментите на коленото за време на тренингот за боречки вештини, пренесоа американските медиуми.

Милијардерот заврши во болница со ногата во гипс, а на социјалните мрежи сподели фотографија од болничкиот кревет. Тој објасни дека ги скинал предните вкрстени лигаменти во спаринг, тренирајќи за ММА борба.

„Спаринг ги скинав лигаментите на коленото, поради што бев опериран. Благодарен сум на лекарите кои се грижат за мене“, напиша Цукерберг.

Тој додаде дека има намера да учествува во борбата, но дека прво ќе мора да се опорави.

Креаторот на Фејсбук следната година би требало да учествува во ММА борба, но таа идеја засега е одложена.

„Сè уште се радувам на тоа по моето закрепнување. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“, пишува во објавата покрај фотографијата од болничкиот кревет.