ЦУК: Три нуркачки тимови од Тигрите ја продолжуваат потрагата по 30 годишниот маж во Липковското езеро


Три нуркачки тима од Тигрите ги пребаруваат водите на Липковското езеро на местото на кое исчезнало 30-годишен маж, информираат од Центарот за управување со кризи.

Како што информираат од ЦУК, се работи за 30-годишен маж кој вчера исчезна во браната Глажња, Липковско.

Лицето коешто се информира дека е од село Никуштак вчера во езерото влегол од кај браната Глажња и оттогаш не излегол оттаму.

Случајот вчера бил пријавен во СВР Куманово при што била повикана и нуркачка екипа од МВР.