ЦУК: Три активни пожари во Долнени и во Горно Лисиче, осум се изгаснати
Во земјава денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има во селата Бело Поле и Браилово во Општина Долнени, како и во Горно Лисиче во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација.
Изгаснат е пожарот кај селото Чифлик во Општина Сопиште, каде гореше борова шума. Во гаснењето биле ангажирани трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Изгаснати се и пожарите во Бањица, Биџево, Сенокос, Делчево, кај езерото Букри, во Брњарци и во Волково.
Во повеќето случаи горела ниска вегетација, а на дел од локациите биле зафатени и борови дрвја, грмушки, шума или депонија.