ЦУК со вонредно предупредување: Обилни врнежи во кочанско, можни се излевања


Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата РЦУК Кочани за обилни врнежи во Кочанскиот регион, а со тоа и за зголемен прелив на браната од акумулацијата „Гратче“ и за зголемен водостој на реките Кочанска и Оризарска.

„РЦУК Кочани добиено е известување од Водостопанство Брегалница Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот Пониква и општините Kочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, при мерењата во 21:00 часот на брана „Гратче“ е регистрирано и големо зголемување на дотокот од денешните 1,3м3/с на 4м3/с . Со тоа е зголемен и преливот на браната, а и водостојот на реките Кочанска и Оризарска“, велат од ЦУК.

„Предупредуваме на внимателност и подготвеност за ваквата можна состојба, бидејќи ако дојде до поголемо зголемување на водостојот на овие реки во кочанско, се можни излевања во долниот тек на реките и поплавувања на земјоделско земјиште, а и дворови во селата низводно“, изјавија од ЦУК.