ЦУК: Се очекуваат интензивни врнежи, можно е зголемување на водостојот на малите реки


Фото: Б. Грданоски

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја пренесуваат хидролошката информација од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса за време на викендов и почетокот на следната седмица, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд на повеќе места, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите се очекува да бидат во форма на невреме, со силен ветер, со изолирана појава на град, а на некои места локално да има и пообилни врнежи од дожд. Бидејќи локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и на одредени места локално за кратко време да навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците низ земјава. Исто така, доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град, поради неможноста за впивање на водата како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можни се локални проблеми. Притоа, на одредени места локално е можна појава на одрони и свлечишта“, се вели во соопштението. 

Препорачуваат на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови ( во попладневните часови) се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.