Црвенковски го одмрзнал членството во СДСМ?
Премиерот Зоран Заев е пред реизбор за претседател на владејачкиот СДСМ, со оглед на тоа што нема противкандидат на првите непосредни избори за лидер на партијата, откако во четвртокот заврши постапката за ажурирање на членството.
На 21 март, сите оние кои во изминатите неколку седмици го обновиле членството или сега се зачлениле во СДСМ ќе може да учествуваат на внатрепартиските избори. Според последните информации, СДСМ сега брои над 80 илјади членови, од кои еден дел, како што наведува, се нови и млади луѓе.
Функционери во СДСМ тврдат дека поранешниот и долгогодишен лидер, Бранко црвенковски, е меѓу тие што го обновиле членството иако гневен поради интервјуто на Заев за БГНЕС најави дека о замрзнува. Сепак, како што пишува „360 степени“ нема информации дали се пријавил и за гласање на 21 март. Според поранешниот партиски секретар Горан Минчев, парцијален избор само на претседател на СДСМ на директни избори повеќе ќе придонесе за султанизација отколку за демократизација во партијата.