Црвениот крст отвори сметка за помош во опожарените места и телефонска линија за психолошка поддршка

Црвениот крст на Република Северна Македонија преку своите мобилните тимови се вклучи во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарите.
Од Црвениот крст информираат дека при теренските активности дистрибуирани се 200 пакети со храна и 200 хигиена и 20 тона вода за силите кои гасат во зафатените региони со пожари.
„Поставени се танкови – системи за полнење на хеликоптери со вода кој го скратува времето за гасење пожар со вкупен капацитет од 8.000 литри со постојано надополнување, опслужувани од тимови од Црвен крст на РСМ и тимови од локалните самоуправи во соодветните региони“, велат оттаму.
Црвениот крст отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП) за настраданото население од пожарите. ППП се обезбедува од оспособени волонтери на Црвениот крст.
„Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните“, велат од Црвениот крст.
Телефонските линии за прва психолошка помош се следните:
– Скопски регион 072/271-048
– Пелагониски регион 047 / 236-019
– Југозападен и полошки регион 072 / 239-051 и 072 / 239-077
– Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691
– Вардарски регион 043/231537
Воедно, сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.
– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228