Црвениот ќилим на 94. Оскари: Експлозија на софистициран гламур (галерија)


САД– Експлозија на софистициран гламур се случи синоќа на црвениот ќилим на 94. Оскари во театарот Долби во Лос Анџелес. Очекувањата беа големи, особено бидејќи сите ги интересираше што ќе носат познатите и каков гламур ќе видиме после ковид-паузата и импровизираните изданија.

Меѓу првите кои пристигнаа на црвениот килим беше Џесика Честејн, која освои Оскар за најдобра женска улога, а се појави во светкава креација на „Гучи“. Во неа изгледаше навистина како сирена, па воедно ова беше еден од најкоментираните изгледи и издвоена во листата на најдобро облечени.

Зендаја остана доследна на себе, појавувајќи се во долго сребрено светкаво здолниште и бел краток кошула-топ со потпис на Валентино, правејќи спој на актуелни тенденции и гламур каков што се бара на црвениот килим.

 

Аријана Дебоуз, која освои Оскар за најдобра споредна женска улога, во тоалета на Валентино

Инаку, ако треба да се издвои боја која доминираше на годинашниот оскаровски црвен килим, тоа би била токму црвената. Преку десетина креации беа речиси во иста нијанса.

Меѓу оние што оставија впечаток беше и Никол Кидман која не залудно се нарекува и кралица на црвениот килим. Нејзиниот избор, донекаде и очекувано, е Armani Prive, кој е специјално изработен за неа за оваа пригода и притоа е рачно обоен. 

 

Зое Кравиц во Ив Сен- Лоран

Розова нијанса во тоалета на Зухаир Мурад беше и изборот на Мила Кунис, која дојде во друштво на Ештон Качер.

 

Ума Турман

Сестрите Вилијамс исто така го привлекоа вниманието на модните медиуми. Венус носеше бела деколтирана креација на Ели Сааб, а нејзината сестра Серена се појави во розов лелеав фустан со црни апликации и кратки ракавици од тантела.

 И Били Ајлиш беше меѓу присутните, носејќи огромна волуменозна креација со карнери со потпис на „Луј Витон“. 

И Џејда Пинкет имаше волуменозна креација, со потпис на Жан Пол Готје.

 

 Џејсон Момоа беше еден од оние што се појави со марамче во боите на украинското знаме и ѝ даде поддршка на Украина

Кортни Кардашијан

Лупита Нјонго
Пенелопе Круз
Рита Морено
Тимоти Шаламе