Црвена тревога во Италија поради екстремни временски услови


Италијанските власти денеска прогласија црвена тревога за делови од регионот Венето поради екстремни временски услови.

Тоа се случува во време кога бранот обилни врнежи и силен ветер продолжува да погодува поголем дел од Италија.

Останатите делови од регионите Венето и Емилија-Ромања се под портокалова тревога, втора по сила, поради временските услови кои исто така донесоа обилни снежни врнежи во областите на повисоки надморски височини, пренесува Анса. Сообраќајот на линијата Милано-Венеција меѓу Виченца и Падова и денеска е во прекин, откако возовите вчера беа запрени поради опасност од поплави и свлечишта.

Во Лигурија дојде до лизгање на земјиштето кое отсече околу 1.000 луѓе во селото Пиве Лигуре на периферијата на Џенова.

Обилните врнежи го зголемија нивото на многу реки, а некои се опасно блиску до излевање. Реката Арно меѓу оние кои внимателно се следат, соопштија италијанските власти.