Црвен крст на Град Скопје организира Оскар на хуманоста


Фото: Б. Грданоски

Црвен крст на Град Скопје вечерва организира Оскар на хуманоста во ресторан „Парк-ведингс анд ивентс“-Градски парк, со почеток во 20 часот.

Фото: Б. Грданоски

– На настанот ќе бидат доделени награди за наши партнери, поддржувачи од корпоративниот сектор, но и на поединци кои со својата лична ангажираност многупати покажеле дека тие се оние кои прават позитивни промени во заедницата, преку нивната хуманитарна заложба, велат од Црвен крст.

Фото: Б. Грданоски

Оттаму известуваат дека вчера, по повод 8 мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, хуманитарната организација организирала неколку јавни настани преку кои биле истакнати хуманитарните заложби на поединците во заедницата, кои честопати се првите кои подаваат рака и ги поддржуваат оние на кои им е потреба помош.