Цртеж на Нелсон Мандела продаден за 110.000 американски долари


Цртежот на починатиот претседател на Јужноафриканската Република Нелсон Мандела, на кој е нацртана затворската ќелија од затворот на островот Робен, во кој бил затворен 18 години, продаден е во Њујорк во четвртокот за 112.575 долари.

Цртежот на Мандела е наречен „Затворска врата, остров Робен“, ја надмаши проценетата продажна цена која изнесуваше од 60.000 до 90.000 долари.

Цртежот со восочни пастелни бои прикажува неколку решетки на вратата на ќелијата и клуч на бравата, нацртан е во виолетова боја, а тоа е едно од ретките дела кои Мандела ги чувал до крајот на својот живот во 2013 година.

Тој дури 27 години беше во затвор, а добитник е на Нобелова награда за мир во 2002 година.