Црногорскиот БДП во првиот квартал се зголеми 6,1 отсто


Бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора во првиот квартал порасна за 6,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци на Монстат.

Според прелиминарните резултати, БДП во првиот квартал изнесувал 1,22 милијарди евра, додека во истиот период лани бил 1,03 милијарди евра.

Просечниот економски раст во земјите на ЕУ бил 1,1 отсто.

Според податоците на Евростат, само Исланд е пред Црна Гора со раст од седум отсто.

Од земјите во регионот, Хрватска забележа раст од 2,8 отсто во првиот квартал, Северна Македонија за 2,1 отсто, а Србија и Словенија за по 0,7 отсто.