Црни рекорди во Косово: Во еден ден од Ковид-19 заболеа 258, а 16 починаа


Здравствените власти во Косово известуваат дека во текот на последните 24 часа, од вкупно извршени 480 тестови, 258 биле позитивни на „Ковид-19“.

Најголем број од позитивните случаи се од Приштина, Пеќ, Гњилане, Урошевац…

Истовремено, во соопштението се додава дека во последните 24 часа се регистрирани 16 починати пациенти, позитивни на Ковид-19.

Вкупниот број на позитивни случаи во Косово веќе помина 8.100.

Во последните 24 часа се излечиле 196 пациенти додека вкупниот број на излечени до денес е вкупно 4.463 случаи. Во моментов бројот на активни случаи во земјата е 3.429.