Црни рекорди во Хрватска – денеска 369 нови инфекции

Во последните 24 часа евидентирани се 369 нови случаи на инфекција со корона вирусот, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 2.634, се вели во соопштението на Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу заразените, 269 пациенти се во болница, од кои 15 се на апарати за дишење.

Три лица починаа од Ковид-19 во изминатите 24 часа.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 11.094 лица заразени со новиот корона вирус.

Од нив, 8.266 лица се опоравиле, а 194 починале.

Случаите на инфекции според денови