Црна статистика за Босна и Херцеговина – 18 починати и 703 новозаболени

Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа забелеажени се 703 новозаболени со корона вирус, а тестирани се 1.833 лица.
Во Федерацијата пријавени се 952 примероци, од кои 383 биле позитивни.
Досега тестирани се вкупно 194.588 примероци, а корона вирусот е потврден кај 26.740 лица, јави Кликс.ба.
До денеска во Федерацијата излечени се 18.292 пациенти, а активни се 7.739 случаи.
Во последното деноноќие во Федерацијата од Ковид-19 починале 12 пациенти, или вкупно 709.
Во Република Српска тестирани се 881 примероци, а позитивни биле 318 лица.
Пријавени се шест смрни случаи.
Досега во РС има заболени 14.452, а починаа вкупно 372. Оздравеле 7.952, а тестирани се 96.588 лица.
Во Брчко има двајца новозаразени, а едно лице починало.