Црна статистика: Во Полска над 100.000 лица починаа од Ковид

Вкупниот број на починати од коронавирус во Полска денеска надмина 100.000, изјави полскиот министер за здравство Адам Неѓелски, во време кога земјата се бори со четвртиот бран на пандемијата.
– Денеска можеме да кажеме дека е уште еден тажен ден, но особено затоа што го надминавме нивото од 100.000 смртни случаи од Ковид, рече Неѓелски и додаде дека Полска денеска ќе пријави околу 11.400 нови случаи на ковид и 493 смртни случаи.
Во Полска, бројот на смртни случаи на милион жители беше меѓу највисоките во светот минатата недела, според Our World in Data, бидејќи се регистрирани повеќе од 57 смртни случаи, во споредба со околу 34 во САД и 38 во Русија, пренесе Танјуг.
Полска се бори со постојано голем број дневни случаи на Ковид, а во декември воведе нови ограничувања за да го спречи ширењето на инфекцијата.