Црна Гора со 218, Србија – 152, Косово со 98 новозаразени

Во Црна Гора во последните 24 ласа од анализирани 649 примероци, регистрирани се 218 новозаразени со корона вирус, а забележани се два смртни случаи.
Најмногу новозаразени има во Подгорица – 84, а оздравеле 143 пациенти. Активни се 3.992 случаи.
Во Србија пак, денеска се забележани 152 нови случаи на коронавирус. Две лица починале од последиците на вирусот.
Тестирани се 7.177 лица, што е вкупно 1.206.976 од почетокот на пандемијата.
Од 329 хоспитализирани, 22 пациенти се за респиратор.
Во Косово регистрирани се 98 нови случаи со корона вирус, а починат е еден пациент.
На почничко лекување се 103 лица, од кои тројца на респиратори.
Од почетокот на пандемијата во Косово се регистрирани 16.345 заболени, а починаа 649 пациенти.