Црна Гора се задолжи 750 милиони евра со камата од 2,95 отсто


Црна Гора денес успешно го заврши издавањето еврообврзница на меѓународниот пазар во износ од 750 милиони евра со каматна стапка од 2,95 отсто. Иако рејтингот на земјата е Б + (S&P) со негативна перспектива, заинтересираноста на странските инвеститори била изненадувачки голема.

Побарувачката беше речиси 2,5 милијарди евра, односно три пати повеќе од вкупниот износ на емиссијата, пренесуваат порталите.

Ова задолжување најверојатно ќе овозможи плаќање на обврските по основа на претходно издадени еврообврзници со рок на доспевање во 2021 година во износ од 227 милиони евра (плус камата), пренессува Банкар.ме.

Постигнатата каматна стапка од 2,95 отсто, сепак, не е најниска постигната, имајќи предвид дека минатата година беше издадена еврообврзница од 500 милиони евра со каматна стапка од 2,55 отсто.

Мандатарот Здравко Кривокапиќ во своето излагање најави дека следната година ќе недостасуваат 500 милиони евра за нормално функционирање на државната каса, но немаше официјални соопштенија за оваа емисија, ниту пак најава од Министерството за финансии.