Црна Гора: Обвинителството проверува дали српска служба прислушкувала советник на Ѓукановиќ
Обвинителството во Подгорица проверува дали српска служба го снимала советникот на претседателот Мило Ѓукановиќ, Милан Роќен, објави „Побједа“ откако беше најавено вчера дека е формиран предмет по повод аудио снимките што беа објавени на порталот IN4S минатата недела.
Обвинителството во Подгорица ги испитува снимките објавени од порталот во врска со интервјуата на Милан Роќен, кои, додека бил амбасадор во Москва,ги водел со разни луѓе – од сопругата на Ѓукановиќ, Лидија, рускиот бизнисмен Олег Дерипаска, кој беше сопственик на Алуминиумскиот комбинат во Подгорица, до пребеганиот бизнисмен Душко Кнежевиќ и поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ.
Весникот нагласува дека повеќето од интервјуата биле од 2005 година, а аудио записите најверојатно се снимени во амбасадата на СЦГ во Москва, од тајната служба на поранешната државна унија на Србија и Црна Гора, контролирана од Белград.
Порталот објави неколку снимки од разговори на Роќен, кој извесно време беше и амбасадор на Црна Гора во Русија. Тој важи за најблизок соработник на претседателот Ѓукановиќ.