Црна Гора е сѐ поблиску до ЕУ


 

Оваа недела, Црна Гора направи уште еден чекор напред во процесот на пристапување кон Европската унија, откако членовите на блокот се согласија да започнат со работа на пристапниот договор со балканска држава. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, го опиша потегот како „клучна пресвртница“ и „голем чекор кон пристапувањето кон Европската Унија“, пишува „Еуроњуз“.

На состанокот на Заедничкиот советодавен комитет (ЗСК) во петокот во Подгорица, црногорската министерка за европски прашања, Маида Горчевиќ, изјави дека изготвувањето на пристапниот договор, заедно со затворањето на поглавјата од преговорите, го најавува „последниот круг од четиринаесетгодишниот маратон на патот кон ЕУ“. Таа додаде дека овој потег ја означува последната фаза од преговарачкиот процес, а членството во ЕУ се предвидува за 2028 година.

Одлуката дојде откако амбасадорите на сите земји-членки на ЕУ во средата одлучија да формираат „ад хок работна група“ за изготвување на пристапниот договорпакт. ЗСО, формиран помеѓу ЕУ и црногорското граѓанско општество, е платформа што обезбедува перспектива на граѓанското општество во институционалната рамка на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Горчевиќ, исто така, ја истакна важната улога што ја игра граѓанското општество во процесот на пристапување на Црна Гора преку учество во работните групи. Зборувајќи на истиот настан, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Црна Гора, Рикардо Сери, рече: „Црна Гора има историска можност да го заврши процесот на пристапување кон Европската унија“.

„Но, нема време за губење – напредокот зависи од спроведувањето на конкретни реформи во наредните месеци“, додаде Сери, истакнувајќи дека овој процес мора да го водат институциите во соработка со граѓанското општество.