Црна Гора: Директорот на ИЈЗ поднесе оставка


 Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора, Бобан Мугоша, денеска поднесе оставка од таа позиција.

Тој најави дека со својата оставка сака да ја олесни постапката новата министерка за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, да формира тим што ќе работи на развој на здравствениот систем согласно визијата и приоритетите на новата црногорска Влада.

Мугоша најави дека останува во Институтот за јавно здравје, подготвен да продолжи да придонесува со своите колеги за целите на Институтот и за севкупното добро и напредок.