Црн рекорд годинава во БиХ, починаа 29 пациенти со Ковид-19


 

Босна и Херцеговина денеска објави дека во земјата пријавени се нови 698 случаи на заразени со короноа вирус, а во 24 часа почина 29 пацинети со Ковид-19.. Ова е црн рекорд во 2021 година, кога станува збор за смртните исходи од болеста во еден ден.

Во федерацијата пријавени се 473 позитивни на корона вирус, од 1.822 тестирани, а почина 21 лице. До денеска во Федерацијата починале вкупно 2.711.

Во Република Спска пак направени се 796 тестирања, од кои позитивни биле 225 лица, а починаа уште осум пациенти.