Coca-Cola го купува српски „Бамби“

Компанијата Coca-Cola HBC AG почна процес за аквизиција на водечката српска кондиторска компанија „Бамби“ од фондот Мид Европа Партнерс во вредност од 260 милиони евра, пренесе „Блиц“.
Конечниот договор ќе биде дефиниран низ завршните усогласувања, а аквизицијата останува подложна на вообичаените услови и одобренија на надлежните органи, поради што се очекува самиот процес да биде завршен во вториот квартал на 2019 година.
„Оваа аквизиција претставува одлична прилика за создавање вредности за нашата компанија, купувачите и акционерите. Во нашето постоечко портфолио на водечки брендови на напитоци ќе додадеме добро познати, комплементарни брендови, како и иновативни вештини и знаења за купувачите“, вели извршниот директор на компанијата Coca-Cola HBC AG Зоран Богдановиќ.
Од оваа компанија додаваат дека значителна вредност на компанијата „Бамби“ е тоа што има силна дистрибутивна мрежа, како и разладувачка дистрибуција во стратешки важен канал.