ЦИВИЛ ќе покрене иницијатива за локален референдум за Универзална сала


ЦИВИЛ и организациската единица Зелен Цивил во рамки на неформалната јавна дискусија поврзана со Универзална сала предлагаат консултативен локален референдум која ќе ја одреди судбината на овој објект, кој се смета за симбол на солидарноста.

-Овде говориме за објект што претставува симбол на солидарноста, изграден по земјотресот во 1963 година во Скопје, пуштен во употреба во јануари 1966 година. Низ своето повеќедецениско постоење, Универзална сала стана еден од најважните културни центри не само на градот Скопје, туку и за целата земја.

-Затоа, ЦИВИЛ е на ставот дека овој важен објект заслужува широка граѓанска дебата и одлука за нејзината судбина. Потребно е да се побараат решенија за прашањата и на меѓународно ниво, а конечната одлука да биде донесена по одржување на консултативен локален референдум за судбината на Универзална сала, Поттикнати од колумната на Сашо Орданоски „А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?, ЦИВИЛ донесе одлука да поднесе иницијатива за локален референдум за Универзална сала, дали ќе се гради на нова локација, дали ќе се реставрира сегашниот објект или ќе се урива, а на негово место ќе се гради парк… За тие и други прашања поврзани со оваа тема, најдобро е да се организира референдум, сметаат од невладината организација.

Воедно, потсетуваат дека Златно Славејче, Скопје џез фестивал, концерти, претстави, големи културни, општествени и се само дел од настаните што се организира во Универзална сала, објект, кој посочуваат, кај луѓето буди емоции, сеќавања, идентификации со просторот и времето за многу генерации.

Од друга страна, како што наведуваат од ЦИВИЛ, се аргументите и урбанистичките планови и желбата Универзална сала да добие уште повеќе вредност на мултимедијален центар кој ќе ги задоволува културните и духовни аспирации на граѓаните и ќе биде место во кое ќе се препознаат не само скопјани, туку секој кој е дел од културната и уметничката сцена во земјата.