Циклонот „Борис“ прави пустош низ Европа, има загинати
Во Австрија маж исчезна во лавина, додека службите ширум Европа се борат со невидени поплави
Едно лице загина во поплавите во јужниот дел на Полска, а во надојдената вода во источна и северна Чешка четири лица се водат како исчезнати. Илјадници луѓе во Полска и во Чешка се евакуирани поради поплавите предизвикани од циклонот Борис, а оваа временска непогода предизвика големи штети и во други земји.
Во Австрија, пак, на југот од земјата се забележани ветрови до 146 километри на час, а на север врнежи до 170 литри вода на метар квадратен. Во Виена, пожарникарите интервенирале околу 150 пати во последните 24 часа за да ги исчистат одводите затнати со ѓубре или да ја испумпаат водата што навлегла во подрумите, јавуваат локалните медиуми.
Поплавите поврзани со обилните дождови се очекува да се зголемат во Централна Европа, а температурата ќе се зголеми за 1,5 степени, велат климатските експерти на IPCC во извештајот за 2022 година.
Снег до еден метар во Австрија
Пошумениот дел од паркот Шенбрун, најпосетуваното место во Австрија, е затворен од безбедносни причини, изјавија за АПА службите за итни случаи. Гробиштата денеска ќе останат затворени.
Austria 🇦🇹 Snow ❄ Storm
September 13-14, 2024
Obertauern, Austria, 55 miles south east of Salzburg. pic.twitter.com/rnqFasucnC— Light Beings Observer (@BeingsObserver) September 14, 2024
Според австрискиот канцелар Карл Нехамер, „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.
На планините на западот од земјата снегот го отежнува сообраќајот на повеќе патишта, а службите за итна помош трагаат по маж кој исчезна во лавина.
Тирол на некои места е покриен со слој снег до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени.
Четири лица загинаа во Романија
Романската спасувачка служба претходно објави дека пронашла тела на четири лица во регионот Галати во југоисточниот дел на земјата, каде што беа погодени 5.000 домови.
„Поради обилните врнежи имаше поплави“, а спасени се вкупно 19 места и стотици луѓе низ земјава, соопшти спасувачката служба.
Армијата испрати десет спасувачки чамци за да стигнат до жителите заробени во особено тешко погоденото село Печеи, пренесе Хина.
Се поставуваат кампови за сместување на луѓето кои ги напуштиле своите домови поради надојдената вода.
Inundaţii în localitatea Pechea, județul Galați- https://t.co/iVkUXlbFYX
Sursa video: ISU Galaţi pic.twitter.com/xqgA0Va0kr
— AGERPRES (@agerpres) September 14, 2024
„Катастрофа од исклучителни размери“
Во селото Слобозија Коначи поплавени се седумстотини куќи, а градоначалникот Емил Драгомир во интервју за локална телевизија изјави дека станува збор за „катастрофа од исклучителни размери“.
„Веќе имавме поплави пред 11 години, но не беше толку лошо“, додаде тој, додека главната улица наликува на порој.
Драгу Стефан (52), вработен во блиската компанија за водоснабдување, за АФП изјави дека „се обидел да спаси нешто“, но дека тоа е „залуден напор бидејќи водата пристигнала пребрзо“.
Претседателот Клаус Јоханис им изрази сочувство на семејствата на загинатите. „Повторно сме соочени со ефектите од климатските промени, кои се сè поприсутни на европскиот континент“, рече претседателот. „Мораме да продолжиме да ги предвидуваме екстремните временски настани.
Чешка се подготвува за најлошото
Во Чешка од вчера на располагање се 100.000 пожарникари, а без струја останаа речиси 50.000 домови, соопшти електрокомпанијата ЧЕЗ.
Болницата во Брно на југоистокот на земјата беше евакуирана во саботата наутро. Моравија (североисточно) прогласи вонредна состојба. „Почвата сега е заситена, што значи дека целата дождовница ќе остане на површината“, рече министерот за животна средина Петр Хладик на X.
Во источниот град Оломуц, Роберт Хубинак отишол да земе вреќи за да го заштити својот дом. „Од вчера донесов околу три тони песок“, објасни тој за АФП.
Вонредна состојба е прогласена и во Братислава, главниот град на Словачка.
Floods in Czechia https://t.co/7XJFK2oTyY
— Petr Hajek (@PeeterpoolPetr) September 14, 2024
Од полска страна, ситуацијата на југозапад се чини дека е најнесигурна, а владата вели дека и следните неколку часа ќе бидат тешки. „Водата продолжува да расте“ и „нема надеж дека дождот ќе престане“, се пожали за АФП Зофија Овсијанка (65) во Глухолази.
Циклонот однесе и човечки животи
Едно лице загина во поплавите во јужниот дел на Полска, а во надојдената вода во источна и северна Чешка четири лица се водат како исчезнати. Илјадници луѓе во Полска и во Чешка се евакуирани поради поплавите предизвикани од циклонот Борис, пренесе МИА.
„Првата жртва е потврдена, овде во областа Клод. Таму се евакуирани 1.600 луѓе, очекуваме дека ќе има уште многу евакуации. Во басенот Клод ситуацијата е најдраматична, изјави полскиот премиер Доналд Туск, кој од почетокот на поплавите ги посетува погодените подрачја.
Во Шлезија и Малополското војводство на југозапад и југ од Полска, во областа на границата со Чешка, планинските потоци и реки поради обилните врнежи се претворија во порои, а на некои места водата е веќе над насипите, додека вештачките езера во хидроцентралите се исто така полни.
Во градот Глухолази на границата со Чешка, каде почнаа поплавите и каде што водата ги проби заштитните насипи, градоначалникот Павел Шимкович утрово со драматична порака „Тонеме“ упати апел до сите да се евакуираат на повисоките места.
Полските пожарникари вчера со помош на армијата и територијалната одбрана 6.400 пати излегоа на терен за зајакнување на насипите, отстранување на паднатите дрвја и гранки кои го отежнуваат железничкиот сообраќај, кој е во прекин на 40 пруги. Додека од полноќ до утрово пожарникарите имале 2.300 интервенции.
#storm #Boris #climateemergency @afreedma @WeatherProf @Arab_Storms @severeweatherEU @nicolasberrod @ECOWARRIORSS @pmagn https://t.co/RTlQ4XXuxb
— antonio vecoli 🛰️🇪🇺#️⃣ (@tonyveco) September 14, 2024
Поради силниот ветер и поплавите голем број граѓани останаа без струја, а на места недостапен е и сигналот од мобилната телефонија.
– Донесовме одлука да почнеме да ја користиме сателитската комуникација преку Старлинк, но не треба да се надеваме дека секаде веднаш ќе се воспостави врска, изјави утрово Туск.
Во соседна Чешка вчера почна потрагата по четворица исчезнати, еден маж на југот на Моравија, кој надојдениот поток го однел пред неговата куќа, а три лица исчезнале откако автомобилот им паднал во реката.
🔵 #Meteo La tempesta #Boris sta flagellando l'Europa centro-orientale, con piogge abbondanti e venti fortissimi. In Romania morti e dispersi. Emergenza in Austria. Allarme rosso a Praga. Nel video Rosenheim, in Germania pic.twitter.com/2XkBW7k9L9
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) September 15, 2024
Поради ветерот и надојдената вода 260.000 луѓе се без електрична енергија, а во Моравско-шлезискиот регион, источна Чешка, во 87 места нивото на водата го надмина третото највисоко ниво на тревога за поплави, додека на 118 места се на прво или второ ниво.
Моравско-шлезискиот регион и Оломуц вчера прогласија вонредна состојба. Досега околу 80 отсто од очекуваните врнежи што ги донесе циклонот Борис паднаа во Чешка.
Полските и чешките власти очекуваат помалку жртви и помала материјална штета, бидејќи изминатите години се инвестираа многу средства во инфраструктурата и мерките против поплави.